Свет

Амбасадите на западните земји го евакуираат персоналот од Ирак

Амбасадите на западните земји го евакуираат персоналот од Ирак

Амбасадите на западните земји денеска почнаа со евакуација на своите дипломати и нивните семејства од Ирак.

Евакуацијата на својот персонал ја потврдија само амбасадите на САД и Австралија во Багдад, а дополнително Вашингтон најави и засилени безбедносни мерки на својата дипломатска мисија во ирачкиот главен град.

Потпаролот на Стејт департменот Џен Псаки изјави дека Персоналот на Амбасадата на САД во Багдад ќе биде „привремено преселен“ во американските конзулати во јужниот пристанишен град Басра и во Арбил во курдскиот автономен регион, како и во Амбасадата во Јордан, сооптил портпаролот на Стејт департменот, Џен Псаки.

Американскиот воен брод „Меса Верде“ со околу 550 маринци денеска вплови во Персискиот Залив, што се оценува како најава за помошта на Вашингтон за ирачката Влада во борбата против сунитските исламистички екстремисти.

„Меса Верде“ ќе му се придружи на носачот на авиони „Џорџ Буш“, кој по наредба на Пентагон во саботата вплови во Персискиот Залив.

Американскиот претседател Барак Обама уште минатата недела најави помош за ирачката Влада во справување со екстремистите.