Амбасадорите побараа опозицијата да се врати во Парламентот

Опозицијата да се врати во Парламентот затоа што тоа е местото за надминување на политичката криза во земјата, побараа амбасадорите на Германија, Италија, Франција, САД, Велика Британија и на ЕУ на денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Амбасадорите денеска одржаа средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, а вчера се сретна со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и со претседателот на државата Ѓорге Иванов.