Амбасадорите повикаа да се спроведе договорот од Пржино за излез од политичката криза

најдобриот пат за излез од политичката криза, изјави британскиот амбасадор Чарлс Гарет, кој во името на дипломатите ја прочита заедничката изјава пред Владата на Република Македонија.

Амбасадорите го повикаа премиерот Груевски да го овласти тимот за да го финализира договорот по нерешените прашања од договорот од Пржино и брзо да ги спроведе сите неопходни реформи за да обезбеди рамноправен терен за избори и нивно национално и меѓународно признавање како веродостојни.

– Во врска со ова очекуваме на специјалната обвинителка, едногласно избрана во Парламентот, да и се дадат сите барани ресурси за да се овозможи да почне да ја извршува оваа важна работа, се вели во изјавата.

Од СДСМ пак се бара да ги исполни обврските што произлегуваат од договорот во Пржино, вклучувајќи ја и обврската да не објавува прислушувани материјали.

– Го повикавме СДСМ, од своја страна, да продолжи да ги исполнува своите обврски кои произлегуваат од политичкиот договор, вклучувајќи ја и обврската веќе да не објавува прислушувани материјали, се нагласува во изјавата.

Договорот од Пржино бара од партиите на прво место да го стават интересот на државата и да ја потврдат нивната посветеност кон евроатлантскиот интеграциски процес и демократските принципи. Сите страни треба да дејствуваат со добра намера, да ја обноват посветеноста на договорот, да дејствуваат според договорените мерки со апсолутна итност, каква што бара ситуацијата. Неуспехот тоа да се стори ќе има влијание врз оценката на Европската комисија. Владите, и особено нивните челници, имаат специјална одговорност за време на политички кризи. Ако дејствуваат веднаш, и низ нивните акции јасно покажат дека се на тој пат, меѓународната заедница е подготвена да го поддржи тој напор”, рекоа амбасадорите во заедничката изјава пред Владата.