Амбасадорите Жбогар и Коблер во посета на општина Радовиш

коблер

Кампањата започна минатата недела во Кичево со цел да ја подигне јавната свест и да ја информира јавноста за помошта што ЕУ и ја дава на Македонија.

Со оглед на тоа што главна тема е екологијата и животната средина, кампањата патува во местата во земјата каде ЕУ дава поддшка за борба против загадувањето и обезбедување чиста животна средина за сите.

Во Радовиш ЕУ обезбеди финансиска поддршка во висина од 5 милиони евра за изградба на објект за прочистување на отпадни води. Проектот се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Радовиш, и Јавното комунално претпријатие Плаваја – Радовиш, се вели во соопштението од прес-службарта на  канцеларијата на ЕУ во Македонија.

Целокупната помош за Македонија во светата на животната средина се движи над 80 милиони евра преку ИПА 1 (2007-2013), а обезбедена е и натамошна поддршка во висина од 100 милиони евра преку ИПА 2.