среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Амбасадорот Бејли и новинарот Чилиманов во „војна“ на Твитер

Американскиот амбасадор, Џес Бејли и новинарот и член на ад хок -телото за медиуми Цветин Чилиманов влегоа во твитер-војна по тврдењето дека Амбасадата на САД поддржува цензура на медиумите во Македонија со формирање цензорска комисија. Чилиманов жестоко ги критикуваше претставниците на амбасадите на САД и ЕУ, кои посредуваа во преговорите на лидерската четворка, дека наместо да спречат, дозволиле формирање државна цензорска институција и за „Дневник“ во петокот изјави дека „САД му одат на Заев по ќефот“, пренесува ДНЕВНИК.

dzes-bejli

Поврзани вести

Американскиот амбасадор, Џес Бејли и новинарот и член на ад хок -телото за медиуми Цветин Чилиманов влегоа во твитер-војна по тврдењето дека Амбасадата на САД поддржува цензура на медиумите во Македонија со формирање цензорска комисија. Чилиманов жестоко ги критикуваше претставниците на амбасадите на САД и ЕУ, кои посредуваа во преговорите на лидерската четворка, дека наместо да спречат, дозволиле формирање државна цензорска институција и за „Дневник“ во петокот изјави дека „САД му одат на Заев по ќефот“, пренесува ДНЕВНИК.

Во САД медиумите се дерегулирани и слободно постапуваат во согласност со нивната уредувачка политика. Во САД не постои изборен молк. Не постои концептот на мерење пристрасност на медиумот. Ако сакаш да бидеш Трамповизија, тоа е твое право. Ако си решил да правиш Kлинтон ТВ -нок јорселф аут (те молам почни да го правиш тоа). Ако лажеш, нормално, ќе те тужат, но с` додека ја кажуваш вистината, единственото регулаторно тело е далечинскиот управувач на граѓаните кои решаваат дали ќе губат време на тебе или не. Kакви и да имате забелешки за начинот на кој известуваат македонските телевизии, идејата да се формира државен цензор може само да ја влоши состојбата. И наместо овие од Амбасадата на Kале да станат и да им кажат на партиските лидери дека тоа што го бара СДСМ, да имаме државна цензорска институција, е ненормална работа, тие им одат по ќефот, изјави Чилиманов за „Дневник“.

А Џес Бејли на својот твитер-профил напиша дека овие наводи се апсолутно неточни.

Тврдењето дека американската влада или јас поддржуваме цензура во Македонија е едноставно неточно. Се согласувам со Чилиманов дека кога постои плурализам, гледачите може да „гласаат“ преку менување канали. Американските ТВ-станици емитуваат ставови што се разликуваат од нивната уредувачка политика/перспектива. Многу американски медиумски организации исто така имаат омбдусман/јавен уредник за да задржат чесно и искрено изразување. Kандидатите за изборите во САД учествуваат во телевизиски дебати. Се надевам дека такви ќе има и овде. Се надевам дека македонските граѓани ќе ги судат своите медиуми со критички очи и ќе гледаат различни перспективи, напиша Бејли во серија твитови.

Чилиманов му одговори на Бејли дека „тој требало, за време на средбите во Пржино, каде што не беа поканети новинарите, да им каже на лидерите дека не треба да има казнување на медиумите“.

А за делот каде што Бејли бараше да има лидерска дебата, бидејќи тоа било стандард во САД, Чилиманов му одговара дека „според американски стандарди, лидери што имаат рејтинг како Заев не се канат во дебати. Има пример со либертаријанскиот кандидат кој заостанува зад Хилари и Трамп, и кого нема да го поканат да дебатира“.

И во еден од последните твитови, Чилиманов му порачува на амбасадорот Бејли дека „држењето прес-конференции веќе не е задолжително бидејќи Хилари Kлинтон нема одржано прес на кој сите медиуми може да дојдат и да постават прашања повеќе од 250 дена. Исклучиво дава интервјуа на одбран новинар“.

Најчитани вести