Македонија

Амбасадорот Марк Оте во дводневна посета на Македонија

Амбасадорот Марк Оте во дводневна посета на Македонија

Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политикa, во дводневна посета на Република Македонија ќе престојува Амбасадорот Марк Оте, Директор на Кралскиот Институт за меѓународни односи на Кралството Белгија.

Во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи пред дипломатскиот кор и дипломатите од министерството ќе се обрати министерот Никола Попоски, а амбасадарот Марк Оте свое обраќање ќе има на тема: “Дипломатијата на партнерства: значењето на сојузите и стратешки партнерства на големите сили“.