понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Амбасадорот Мемеди ги презентираше акредитивите во султанатот Оман

memedi-oman

Поврзани вести

Амбасадорот на Република Македонија, Н.Е. Абдулкадар Мемеди, со највисоки протоколарни почести, на 20 април 2017г. ги предаде копиите на акредитивните писма на Министерот за Надворешни Работи на Султанатот Оман, H.E. Јусуф бин Алави бин Абдулах (Yousuf bin Alawi bin Abdullah), со што официјално стана првиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Султанатот Оман.

Министерот Абдуллах изрази особено задоволство кон одлуката на Република Македонија да назначи Амбасадор во Султанатот Оман, како чекор кон одржување, јакнење и развивање на односите на пријателство меѓу двете земји, во сите сфери од заемен интерес.

На средбата Амбасадорот Мемеди и Министерот Абдулах, меѓу другото, разговараа за политичката соработка, изразувајќи посебен интерес и подготвеност за унапредување на економската, културната и договорната соработка, како и на заложбите за борбата против радикализмот и тероризмот.

Најчитани вести