Амбасадорот на САД: Ни Белград, ни Приштина нема да го добијат тоа што го сакаат

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина би требало да влезе во поинтензивна фаза.

Амбасадорото додаде, исто така, и дека се надева оти компромисот би можел да се случи во оваа година.

Скот за РТ вели дека е јасно оти ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно двете страни да дојдат до компромис.

„Затоа е толку важен овој дијалог кој води кон ЕУ. Мислам дека морате да влезете во поинтензивна фаза, јас се надевам ќе дојде до компромис, можеби и оваа година“, изјави Скот.