Абрамович подготвува продажба на Челзи

Рускиот милијардер Роман Абрамович, според пишувањата на британските медиуми, има намера да го продаде фудбалскиот клуб Челзи, меѓутоа од англискиот премиерлигаш ги отфрлаат таквите тврдења.

Во неделатата магазинот Sunday Times пишува дека Роман Абрамович е подготвен да го продаде лондонскиот клуб за повеќе од две милијарди фунти, и дека за тоа најмил советници од инвестициската банка „Raine Grupe“ којашто посредуваше во 2015 година во проажбата на 13 отсто од акциите на Манчестер Сити на кинеските инвеститори, за да се изврши процената.

Во меѓувреме, весниците The Independent и The Mirror во своите неделни електронски изданија ги пренесуваат изјавите на извори блиски на клубот кои ги отфрлаат тврдењата дека се подготвува продажба на Челзи.

Информациите ги отфрлаат во изјави за руските медиуми и извори блиски на самиот Амбрамович. „Овие извештаи немаат никаква основа. Абрамович не размислува а продажба на Челзи“, изјавил неименуван соговорник на агенцијата ТАСС.

Написи за наводната продажба на Челзи периодично се појавуваат во островските медиуми. Така, на почетокот од јуни годинава, Daily Mail објави дека најбогатиот британски претприемач Џим Ратклиф му понудил на рускиот бинисмен купување на клубот, откако на Русинот му беше одбиено продолжувањето на ткн инвестициска виза. Ратклиф, чиешто богатство се проценува на 28,5 милијарди долари, понудил за лондонскиот клуб 2,68 милијарди долари.

Амбрамович го купи клубот во јуни 2003 година за 140 милиони фунти, а од тогаш Челзи освои пет титули анлгиски шампион, пет титули во ФА купот, и по една титула во Лигата на шампионите и Европската лига.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.