четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 36

Амбулантно возило донација од Словачка за Здравствен дом-Битола

133377404

Последни вести

 Амбасадорот Мартин Безак денеска на директорот на Здравствениот дом Битола, Благоја Радевски му предаде амбулантно возило, донација од Република Словачка.

За време на доделувањето на донацијата на ЈЗУ Здравствен дом во Битола амбасадорот Безак информира дека набавката на возилото ја обезбедиле приватната компанија „Фалк захрана“ од Словачка, амбасадата на Словачка и словачката агенција за меѓународна размена и помош.

– Продолжуваме со проектот донации на амбулантни возила. Минатата година ваква донација доделивме на Здравствениот дом во Скопје, а денеска и во Битола. Станува збор за амбулантно возило, марка „мерцедес бенз спринтер“ за потребите на службата за итна медицинска помош. Возилото е опремена со соодветна медицинска техника и во него има дефибрилатор, монитор, аспиратор и друга опрема за прва медицинска помош, истакна амбасадорот Безак.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом-Битола, Благој Радевски потврди дека станува збор за единствено амбулантно возило од марката „мерецедес бенз“ со која во иднина ќе се овозможува брза помош на пациентите на кои таа ќе им биде неопходна.

Најчитани вести