Македонија

Амди Бајрам го одбрал Заев во интерес на Ромите, а Мицковски само греел столче до новиот избор

Амди Бајрам го одбрал Заев во интерес на Ромите, а Мицковски само греел столче до новиот избор

Амди Барјам се исмеа, со  ВМРО-ДПМНЕ односно со изборот на Христијан Мицкоски. Како што рече во својот настап на ТВ рече дека сите тие се за него дечиња и аматери во политиката. Самиот рече дека изборот, ваков како што е не е достоен за него. Оти тој е марка и бренд на политичката сцена. На прашање на новинарот зошто оди со Зоран Заев рече дека тој е добар политичар и побара да не се дига прашина. Знаел како треба да се делува во интерес на Ромите. Едноставно да си биде на власт. За својата партија Бајрам смета дека има 50.000 членови и дека се сила на политичката сцена.

Амди потсети дека бил врзан и за Бранко Црвенковски. Повеќе пати го споменува во ова интервју Амди се исмеа со изборот на Мицкоски со објаснување дека е стар политичар, а дека „новиве“ не му се ранг.

 Нас не не изненадува овој циркус. Воопшто не. Дури и беше очекуван. Она што се градеше долги години на лажни принципи сега се распрсна како меур од сапуница. Почнаа да бегаат клиентите кои со прецизен таргет имаат создадено етнички партии кои потоа им служат за зад нив да се кријат и најчесто да имаат семејни бизниси, рече Бајрам.

Според него се зборувало во чаршијата дека човекот само го грее столчето до наредниот избор. И дека на тоа и самиот се согласил.

Знаете за аферите со хидроцентралите. Веќе сите знаат дека неговото име стои во Централен регистар како еден од соосновачите на фирми кои се занимаваат со овој вносен бизнис. Но, сега за сега никој не прашува за потеклото на парите, чии се парите и дали името на Мицкоски е само покритие за поголеми далавери. На крај ако сакате дали поради неговата инволвираност во сите бизниси е награден со претседателско место на таканаречениот конгрес во Валандово, вели тој.