Амди Бајрам: Законот за јазици е уставно неуставен, но јас ќе го гласам

Пратеникот Амди Бајрам, дел од коалицијата на СДСМ вели дека Законот за јазици е уставно неуставен, но сепак треба да се изгласа без одолговлекувања. Бајрам додава дека така е зацртано и така треба да биде, а тој немал ништо против.

„Не треба да се одолговлекува. Не е некоја голема работа доколку Законот за јазици се излагаса, а нема ниту пречка за тоа. Јас го оценувам законот за уставно неуставен. Надворешниот фактор не притиска, ако сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО, мора да се придржуваме кон тоа што тие ќе го кажат. Народот е ставен во психоза, не можеме да просперираме напред без да ги завршиме овие работи“, вели пратеникот Амди Бајрам за Макфакс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.