„The American Interest“: Време е администрацијата на Трамп да започне нов курс во Македонија

бејли

Престижниот американски магазин за надворешна политика и меѓународно односи „The American Interest“, објави детална анализа за состојбите во Македонија.

Текстот во голем дел е критички свртен кон досегашната политика на администрацијата на Обама кон Македонија, особено кон амбасадорот Бејли, неговите соработници и локалниот персонал во амбасадите, со особен осврт кон платениците од НВО секторот.

Особено до 2015 година наваму, активната дипломатија на САД не само што не успеа да ја разреши македонската политичка криза, туку всушност ја продолжи, а секоја иницијатива (и тајна и јавна) го даваше спротивниот ефект, пишува во текстот.

Кризата во Македонија продолжи откако претседателот Иванов реши да не му даде мандатот на лидерот на опозициската СДСМ, бидејќи тој ја прифати Платформата од Тирана, која може да ги наруши темелите и Уставот на државата. Платформата на лидерите на албанските партии во Македонија, ја направија со претседателот на Албанија Еди Рама, пишува во текстот.

Во текстот се надополнува дека поради Платформата ДУИ реши да ја прекине коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, а да влезе во коалиција со СДСМ, партија која реши да ја прифати Платформата, која може да донесе големи промени во државата.

Во текстот се нагласува и дека локалната амбасада на САД во Скопје спаднала на ниво да дејствува со ситни тактички измами и трикови. Во текстот се споменува и за писмото кое го напишаа седумте конгресмени кои побараа да се истражи работата на амабасадорот Џес Бејли, за неговите про-СДСМ активности и работењето на УСАИД во Македонија.

-Judicial Watch потврди дека амбасадорот на Барак Обама во Македонија, Бејли работел со Фондацијата Отворено општество на Сорос, каде се инвестирале  големи суми на американски долари за интервенции во внатрешната политика на Македонија, што преставува прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи, пишува во текстот.