Америка и Русија заедно ќе се борат против ИСИС?

Америка и Русија заедно ќе се борат против ИСИС
Америка и Русија заедно ќе се борат против ИСИС

Лидерите на водечките светски сили Америка и Русија, Барак Обама и Владимир Путин, пред почетокот на состанокот Г20 во Турција го осудија терористичкиот напад во Париз и порачаа дека е потребно цел свет да се крене во борба против терористите бидејќи ИСИС има немилосрдна идеологија.

Тие одржале и таен сосотанок, на кој не е познато за што се разговарало

– Сите соврешено разбираат дека одговор на терористичките прашања е помагање на милиони луѓе кои ги изгубиле домовите, а тоа може да дојде само со здружени сили од целата светска заедница. Сите ја видовме глетката која се случи во Париз, рекол Путин во текот на неформалниот разговор на состанокот на лидерите, додевајќи дека се залага за заедничка борба поритв терористите.

Америка ќе направи напор да ја порази Исламиската држава и Сирија да донесе мир, рекол Обама кој повтори дека нападот во Париз би удар за целиот цивилизиран свет.

Претседателот на европскиот суд Доналд Туск нагласи дека ако е потребно ќе ги пресече токовите на финасиите на ИСИС и тоа би било поразувањена тој екстремистичка формација нужно ќе се ангжираат копнени воени сили во Сирија.

– ИС е вистински непријател на слободниот свет, а не умерена сиријска опозиција, рекол тој.

Аналитичарот Драгомир Анѓелковиќ рекол дека постои шанса Западот и Русија да се здружат.

– Русија со своите чекори се позиционираше во Сирија, тоа ја доведе Америка пред свршен чин. Америка можеби сеуште не би сакала да прави договор со Русија, но под притисок на Европа веројатно ќе мора, вели Анѓелковиќ.