„Американ Ерлајнс“: Нема повредени меѓу нашите вработени во Брисел

Американската компанија „Американ ерлајнс“ на Твитер објави статус во кој се вели дека засега нема информации за повредени или за евентуални жртви помеѓу нивните вработени на аеродромот Завантем.

Според информациите што се појавија во дел од медиумите, двете експлозии се случиле токму на американскиот деск на аеродромот.

Од „Американ Ерлајнс“ излегоа со кратко соопштение:

Информирани сме за инцидентот на аеродромот во Брисел на терминалот за тргнувања и во моментов водиме грижа за нашите потрошувачи, вработени и соработници. Во овој миг имаме информации дека нема повредени меѓу нашите вработени и соработници. Летот 751 на „Американ Ерлајнс“ е откажан.

Инаку во денешните терористички напади на аеродормот во Брисел и на метро станицата најмалку 27 лица го загубија животот, а над 35 се ранети.

Властите ги повикаа граѓаните да останат дома или на работното место.