Американците без Леброн, Хауард, Ентони и Пол на СП

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Мајк Кжижевски, го соопшти списокот од 19 кошаркари кои ќе конкурираат за настап на Светското првенство во Шпанија. На списокот ги нема ѕвездите Леброн Џејмс, Двајт Хауард, Кармело Ентони и Крис Пол.

И покрај отсуството на овој квартет кошаркари, САД ќе има повеќе од одличен состав на превенството, предводен од Кевин Дурант, Дерик Роуз, Пол Џорџ, Ентони Дејвис.

“Среќен сум што во тимот ќе имам неколку играчи кои имат искуство со освојување на трофеи на интернационално ниво, во комбинација со неколку возбудени млади кошаркари кои значајно ќе придонесат за екипата. Ќе се трудиме квалитетно да ги претставиме Соединетите Американски Држави и да го направиме горд секој Американец”- изјави селекторот Кжижевски.

Американците на Мундијалот ќе играат во Б група со Турција, Украина, Финска, Нов Зеланд и Доминиканската Република.

Списокот на играчи: Бредли Бил (Вашингтон), Демаркус Казинс (Сакраменто), Стефон Кари (Голден стејт), Ентони Дејвис (Њу орлеанс), Демар ДеРозан (Торонто), Андре Драмонд (Детроит), Кевин Дурант (Оклахома), Пол Џорџ (Индијана), Блејк Грифин (ЛА клиперс), Џејмс Харден (Хјустон), Гордон Хејворд (Јута), Кајри Ирвинг (Кливленд), Кајл Корвер (Атланта), Демијан Лилард (Портланд), Кевин Лав (Минесота), Чендлер Паронс (Далас), Дерик Роуз (Чикаго), Клеј Томсон (Голден стејт).