Американците без Вестбрук на СП во Шпанија

Кошаркарската репрезентацијата на САД ќе биде ослабена за претстојното Светско првенство во Шпанија, откако Расел Вестбрук објави дека нема да биде дел од „тимот на соништата“.

Врз овој 25-годишен кошаркар во последните 14 месеци беа извршени три хируршки зафати, по што беше јасно дека кошаркарот на Оклахома нема да игра на СП, бидејќИ подготвен сака да го дочека стартот на новата сезона.

„Желбата да играм е голема, но сметам дека ризикот од евентуална нова повреда е уште поголем. Затоа, нема да можам да настапам на СП во Шпанија, но можам да ветам дека ќе одговорам позитивниот на првиот следен повик”, изјави Вестбрук.

Американците на плејмејкерската позиција нема да можат да сметаат ниту на Крис Пол, ниту на Дерек Роуз и затоа шанса ќе добијат младите Демјиан Лилард и Кајри Ирвинг.