Американците дневно фрлаат и по 150 илјади тони храна

Американците фрлаат околу 150.000 тони храна дневно или повеќе од 400 грама по човек, открива истражување објавено денес, во кое се истакнува дека најмногу се фрлаат овошје и зеленчук.

Храната која се фрла во корпа за ѓубре се одгледувала на околу седум отсто од американското земјоделско земјиште и илјадници милијарди литри вода се употребени за нејзиното производство. Храната што се фрла претставува 30 отсто од калориите што секојдневно ги консумира секој Американец.

Овошјето и зеленчукот претставуваат 39 отсто од сите продукти, по што следат млечните производи (17 отсто), местото (14 отсто) и житарките (12 отсто).

Најретко фрлана храна се чипсот, маслото, слатките и безалкохолните пијалаци.

Подобрите режими за исхрана се базирани врз поголемо учество на овошје и зеленчук, кои се фрлаат во поголемо количество од другите продукти – објаснува Мередит Мајлс, коавторка на истражувањето и асистентка на универзитетот во Вермонт.

Истражувањето се темели на официјални државни податоци и анкети за фрлањето храна меѓу 2007 и 2014 година, и известува за „значителното влијание“ врз средината и земјоделците.

Тој отпад одговара на жетва со над 350 милиони килограми пестициди и речиси милијарда ѓубриво секоја година“, тврди извор на истражувањето.

Како едно од можните решенија на проблемот се предлага обука на потрошувачите како подобро да ги подготват и чуваат свежото овошје и зеленчук и се предлага владата да усвои програми за спречување на фрлањето храна.

Главниот автор Зак Конрад од Канцеларијата за земјоделски истражувања во Северна Дакота истакна дека храната се фрла на неколку нивоа.