Американците го освоија светскиот кошаркарски трон – повторно !

Кошаркарката репрезентација на САД успеа да ја совлада селекцијата на Србија во финалето на СП во кошарка Шпанија 2014.

Американците важеа за апсолутен фаворит во синоќешниот дуел, а тоа и го оправдаа совладувајќи ја Србија со 129:92.

Србите одлично го започнаа натпреварот и дојдоа до највисока предност со осум коша позитива (15-7), но тоа траеше кратко, односно до крајот на втората четвртина, кога проработи американската машинерија.

Американците во текот на целиот натпревар имаа огромно водство пред најголемото изненадување на ова првенство, Србија која со пласманот во финалето го израдува целиот регион, а особено поранешните југословенски републики.