Американците го “запоседнаа” врвот на штафетата 4×100

Усеин Болт можеби важи за најбрз човек на сите времиња, но и тој денеска мораше да се помири со пораз, и тоа од селекцијата на САД на штафетата 4х100 метри.

Станува збор за трка што се одржа за време на шампионатот што се одржува на Бахамите, во која Болт не доби соодветна помош од своите репрезентативни колеги. Имено, Американците Роџерс, Гетлин и Гејл создадоа огромна предност за Рајан Бејли, кој во последните 100 метри не му дозволи на Болт да го стигне, носејќи огромна радост на сите фанови на САД на ова натпреварување.