Американците им доставија оружје и лекови на Курдите во Кобане

Американската војска информира дека од воздух спуштила оружје, муниција и медицински материјали за курдските сили, кои го бранат сирискиот град Кобане од џихадистите на групата Исламска држава, објави МИА.

Како што пренесоа американските медиуми, овие испораки од воздух се првите од ваков вид и беа најавени уште од стартот на воздушните напади на САД и коалициските партнери во и околу Кобане.

Пентагон вчера соошти дека во текот на последното деноноќие биле изведени 11 напади во реонот на градот.

Централната команда на американските вооружени сили во соопштение посочи дека воените транспортни авиони „Ц-130“ од воздух ги испуштиле оружјето и другите испораки за да му „помогнат на отпорот против обидите на Исламска држава да го стави целиот град под своја контрола“.