Американците ја “прегазија” Доминикана

Кошаркарите на САД со одлична игра во рамките на подготовките за Мундобаскетот во Шпанија.

Актуелниот светски шампион селекцијата на Соединетите Американски Држави постигна висока победа од 105:62 над Доминиканската република.

Американците беа доминантни во текот на целиот дуел, а најефикасни кошаркари беа Руди Геј и Де Мари Де Розан, кои постигнаа по 13 поени, додека Џејмс Харден и Кајри Ирвинг имаа по 11.

Овие две селекции ќе играат во истата група Б во Билбао на Светското првенство во Шпанија, кое ќе се одржи од 30.август до 14.септември оваа година.

Репрезентациите на САД важи за најголем конкурент за настап во финалето на Светското првенство.