Американците ќе потрошат над седум милијарди долари за Ноќта на вештерките

За подготовки за Ноќта на вештерките оваа година Американците ќе потрошат 7,4 милијарди долари.

Најголем дел од сумата оди за купување, шиење или најмување на костуми. Американците по традиција сакаат да се маскираат како вештерки, зомби и вампири, или како популарни херои од анимирани или играни филмови или од романи.

Оваа година, меѓутоа, хит на пазарот се и костуми како заштитна облека на лекари, кои работат со заболени од ебола.