Американците на Грција денеска ќе и понудат алтернатива на Турски поток

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за енергетски прашања Амос Хохстајн денеска во Атина ќе се сретне со грчките министри за надворешни работи, за одржлив развој, животна средина и енергетика, за да разговара за алтернатива на гасоводот Турски тек.

„На состанокот, кој ќе се одржи по иницијатива на Хохстајн, ќе се расправа за енергетски теми кои се од взаемен интерес“, соопшти грчкото Министерство за енергетика.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас минатиот месец беше во посета на САД каде изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери му рекол оти Америка би била подготвена да направи контра понуда на онаа на руски „Газпром“ за инвестирање во гасовод во Грција.

Во меѓуврме, премиерот Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин синоќа телефонски разговаралеза енергетската соработка при што рускиот лидер изразил подготвеност да ја финансира грчката компанија која ќе учествува во изградбата на рускиот гасовод кој ќе пренесува природен гас за Европа, соопшти кабинетот на Ципрас.

Според соопштението, грчкиот премиер ја потврдил подготвеноста на Атина да учествува во изградба на грчки гасовод за пренос на руски природен гас од грчко-турската граница до другите европски земји.

Путин ја „ја изразил својата намера да го поддржи планот за финансирање на грчката компанија која ќе го гради гасоводот кој може да привлече инвестиции во енергетската и раст, а чија цена може да биде покриени од профитот на компанијата која ќе работи со гасоводот“.

Канцеларијата на Ципрас, исто така, објави дека премиерот од 18 до 20 јуни ќе престојува во Санкт Петерсбург каде ќе учествува на меѓународен бизнис форум и ќе се сретне со Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.