Американците обединети во борбата против ИД

Американскиот Конгрес, а потоа и Сенат, го одобрија предлогот на претседателот на САД Барак Обама за вооружување на умерените сириски опозиционери. По гласањето во Сенатот, Обама изјави дека оваа одлука е донесена со гласовите и на демократите и на републиканците со што му се покажува на светот дека Американците се обединети во борбата против Исламската држава.

Овој план е усвоен во Сенатот со 78 гласа „За“ и 22 „Против“. Конгресот истиот план го усвоил со 273 гласа „За“ и 156 „Против“.

За овој предлог да стапи на сила, потребно е уште да биде потпишан од Претседателот на државата.

Барак Обама изјави дека воздушните напади врз Исламската држава ќе продолжат, но дека американските трупи нема да имаат борбена улога на теренот во Ирак и Сирија.