вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Американците продаваат бесплатни влезници за погребот на Мухамед Али

Погребот на Али предизвикал интерес кај илјадници фанови кои сакаат да бидат дел од ова историско случување, а боксерската легенда ќе ја испратат 15.000 луѓе.

Американците продаваат бесплатни влезници за погребот на Мухамед Али

Американците продаваат бесплатни влезници за погребот на Мухамед Али

Последни вести

Еден од најголемите боксери и спортисти на сите времиња Мухамед Али ќе биде погребан денеска, во родниот Луисвил, а на комеморацијата ќе присуствуваат големброј славни личности.

Американските медиуми објавиле дека ковчегот со телот на Али помеѓу останатите ќе го носат актерот Вил Смит и поранешниот првак во тешка категорија, Ленокс Луис.

Вил Смит во 2001 година го глумел Мохамед Али во филмот „Али“ и бил номиниран за наградите „Оскар“ и „Златен глобус“ во категоријата за најдобар актер. Покрај Смит и Ленокс, ковчегот ќе го носат и членовите на семејството на Али. За време на погребот еден од говорниците ќе биде поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Исто така поканети се и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јорданскиот крал Абдула и уште некои светски моќници.

Погребот на Али предизвикал интерес кај илјадници фанови кои сакаат да бидат дел од ова историско случување, а боксерската легенда ќе ја испратат 15.000 луѓе.

Организаторите на ова случување одлучиле да ја испочитуваат желбата на легендарниот боксер влезот на погребот да биде бесплатен и да се делат влезници, за кои пред халата во Луисвил чекале илјадници луѓе да дојдат до влезница.

Некои нуделе и до 50 евра на луѓето кои наместо нив стоеле во ред за влезници. Некои пак сфатиле дека може да заработат на смртта на Али па своите влезници ги понудиле на продажба, но овој срамотен потег не им се допаднал на фановите на легендарниот боксет кои од почит кон боксерот одбиле да платат влезници.

Најчитани вести