Американец го посетувал Дизниленд 2.000 дена со ред

(Photo by Nick Agro, Orange County Register/SCNG)

Еден Американец постигнал несекојдневен бизарен рекорд во секојдневно посетување на забавниот парк Дизниленд одејќи 2.000 дена со ред.

Џеф Рејц прославил во четвртокот несекојдневен јубилеј употребувајќи ја уште еднаш својата годишна пропусница којашто му овозможува дневна посета на паркот од 1 јануари 2012 година.

(Photo by Nick Agro, Orange County Register/SCNG)
(Photo by Nick Agro, Orange County Register/SCNG)

„Кога го прашав што толку му се допаѓа во паркот, одговори дека ги сака претставите и сите атракци, но особено сака таму да слуша музика. Претпоставувам дека тоа го опушта“, коментираше Џон Мекклинток, портпаролот на забавниот парк Дизниленд во американската сојузна држава Калифорнија.

Истакнува дека компанијата никогаш немала толку верен посетител како Рејц, четириесет и четиригодишен некогашен припадник на воздухпловните сили кој доаѓа по работниот ден на неколку часа.

Мекклинток вели дека „неговата девојка често доаѓа со него, но не секогаш“. Кога би било така, „тоа би било навистина луда љубов, зарем не?“, додава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.