Американец ќе добие отштета од државата за бесправен притвор по настанот на 11 септември

Американски муслиман, кој бил во притвор повеќе од две седмици без обвинение по нападите на 11 септември 2001 година, ќе добие отштета од 385.000 долари од владата и од еден агент на ФБИ, соопшти Американскиот сојуз за заштита на граѓанските права, пишува МИА.

Абдула ал Кид, американски државјанин, кој го прифатил исламот, бил клучен сведок – израз користен од САД по нападите, за да обезбедат приведување лица осомничени за тероризам.

Владата исто така му се извини на Абдула ал Кид, кој бил затворен 16 дена во изолација, со 24-часовно осветлување, што му пречело да спие.

Потоа бил подложен на судска контрола во текот на 15 месеци.

Во 2005 година тој поднел тужба против властите, обвинувајќи ги за нарушување на неговите уставни права.