Американец се обидел да доплива до Северна Кореја?!

Американски државјанин бил уапсен од јужнокорејските власти, додека се обидувал да ја преплива реката Хан, за да стигне до Северна Кореја, објави британски „Телеграф“, пренесува Нетпрес.

Мажот бил задржан околу полноќ, во ноќта меѓу вторникот и средата. Според информација пласирана од новинската агенциј Јонхап, мажот е на возраст од околу 30 години и е идентификуван како американски граѓанин со арапско потекло.

Откако бил уапсен, тој им бил предаден на јужнокорејските разузнувачки власти за распит.

– Се обидов да стигнам до Северна Кореја, за да се сретнам со врховниот лидер Ким Јонг Ун, рекол приведениот американски државјанин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.