Македонија

Американец тепал полицаец во Обвинителството

Американец тепал полицаец во Обвинителството

Државјанин на САД тепал полицаец, вчера во холот на Основното јавно обвинителство, информираше МВР.

Инцидентот се случил во 15 часот по кратка вербална расправија меѓу Американецот О.С.А. (54) и полициски службеник. Насилникот по два часа бил приведен и задржан во полициската станица Центар.

Од МВР нема детали во какво својство О.С.А. бил присутен во Обвинитлеството, ниту, зошто е приведен два часа по инцидентот.