Американец уби средношколец од Германија мислејќи дека е крадец

Дваесет и деветгодишниот Американец Маркус Каарма уби средношколец за кој мислел дека е разбојник.

Маркус мислел дека средношколецот му провалил во гаражата, па пукал во седумнаесетгодишниот германски ученик, кој дошол во САД преку размена на студенти.

Каарма од Монтана е во притвор од саботата бидејќи во неговата гаража го застрелал ученикот во глава.

Дирен Деде од Хамбург е средношколец кој учел во Германија каде играл и за училишнито фудбалски тим.

Ако го осудат Каарма ќе биде соочен со казна затвор од десет до сто години. Тој и неговата вонбрачна сопруга претходната недела биле два пати ограбени и затоа тој одлучил овој пат да се соочи со крадецот.

Немал намера да го убие, рекол адвокатот на Каарма и додал дека притворениот се чуствува грозно поради се што се случило.