Магазин

Американка родила два пара близнаци за една година

Американка родила два пара близнаци за една година

Една Американка останала шокирана кога била примена во болница заради стерилизација и дознала дека е во петиот месец од бременоста со втор пар близнаци!

40 годишната Дона Кордингли до тој момент имала пет деца, вклучувајќи ги и осуммесечните близнаци. Иако таа и нејзиниот сопруг немале план да имаат уште деца, се случил и другиот пар близнаци.

Шансата на една мајка да добие два пара близнаци во една година е една спрема 50 илјади. Од тие причини Дона ја продолжила бременоста истовремено одгледувајќи го и првиот пар близнаци.

Пред доаѓањето на свет на првиот пар близнаци, брачниот пар веќе имал три деца, Томас (21), Вилјам (18) и Хана (15). Дона во 2010 дознала дека го очекува првиот пар близнаци, а после 8 месеци од раѓањето дознала и за вториот.

Животот со четири бебиња воопшто не е лесен а Дона понекогаш се чувствува како да „нема свој живот“.

-Ги одгледав постарите деца, а тие со тек на времето станаа независни, така што имав повеќе време за себа. Со доаѓањето на свет на близнаците дефинитивно немам време за себе и за својот живот. Некогаш не стигнувам ни да јадам, затоа што по цел ден трчам по нив. Сепак мојот живот е убав, заклучува гордата мајка.