Американка се омажила сама со себе

Грејс Гедлер на која ѝ здодеало да го бара принцот на белиот коњ решила да си се омажи самата за себе.

Себеси си се запросила во ноември во Лондон, а во март се прошетала сама до олтарот. Била опкружена со семејството и со пријателите, а во моментот на судбоносното ДА, се бакнала самата себеси во огледало. На ова се одлучила откако, како што вели, изградила цврста врска со самата себе, а била инспирирана од песна.

– Некои коментираа позитивно, некои негативно и ми велеа дека сум нарцис. Секако дека личноста која се мажи самата за себе треба многу да се сака себеси, но јас на сето ова гледам поинаку и цврсто стојам зад својата одлука. Медитирав, се спознавав себе, се развивав и разбирав – вели Американката.

Таа вели дека имала голема трема пред венчавката и дека сега се чувствува многу посилна од порано.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.