Американка тужи казино поради џекпот од 43 милиони долари

Америкаканка го тужи казиното коешто тврди дека апаратот погрешно покажал дека освоила џекпот од 43 милиони долари и наместо тоа ѝ понудиле вечера, пренесуваат американските медиуми.

Катарина Букман снимила во август минатата година селфи пред апарат на кој пишува „печатење на потврдата за подигнување готовина од 42.949.672,76 долари“ во казиното „Resort World“ во Њујорк.

Меѓутоа, обезбедувањето ја изнело надвор и следниот ден ѝ било речено дека може да подигне само 2,25 долари, пренесува BBC.

Во тужбата поднесена пред судот на округот Квинс се наведува дека апаратот „ѕвонел и светкал“, како и дека пораката на дисплејот јасно покажува дека жената го освоила џекпотот, пишува весникот Courhouse News.

Портпаролот на казиното изјавил дека во тоа време „апаратот очигледно бил расипан“.

.