Американките ја одбранија светската титула

Женската кошаркарска репрезентација на САД го освои златото на Светското првенство во Турција откако во финалето очекувано со 77-64 славеа над Шпанија.

Со овој триумф, Американките ја одбранија светската титула, а воедно ова беше нивно деветто злато во историјата на СП. Најефикасна кошаркарка во победничкиот табор беше Маја Мур со 18 постигнати поени, додека кај Шпанија најмногу се истакна Санчо Литл со 16 поени.

Бронзениот медал го освои селекцијата на Австралија, која во мечот за третото место го совлада домаќинот Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.