Американска донација за Царинската управа и Граничната полиција

Царинската управа и Граничната полиција денеска ќе добијат донација од САД што е обезбедена преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS).

Опремата, во вредност од 212 илјади американски долари, се состои од рентгенски систем за преглед, уреди за откривање радијација, опрема за попречување нелегални активности, рачни светилки, лисици, литиумски батерии, и термална камера за надзор.

Донацијата ќе помогне во зајакнување на способноста на македонската Гранична полиција и на Царинската управа за вршење на професионална гранична контрола и за изведување активности на граничните премини.

На настанот најавено е присуство на заменик шефот на мисијата на САД, Барт Путни, директорката на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска, раководителот на Граничната полиција, Маринко Кочовски и регионалниот советник на (EXBS), Џорџ Клар