Американска NASA го одложи лансирањето на ракетата SLS до 2019-та (ВИДЕО)

Американската агенција за вселенски истражувања NASA го одложи до 2019 година првото лансирање на новата ракета Space Launch System (SLS), којашто би требало во лунарната орбита да ја постави вселенската капсула „Orion“.

Првото лансирање на ракетата од моделот Space Launch System (SLS), претходно во NASA го планираа за ноември 2018 година, меѓутоа плановите се пролонгирани поради технички проблеми во развојот на ракетата SLS и на вселенската сонда „Orion“, како и поради материјалната штета којашто торнадото им го нанесе на погоните во коишто се изработуваше ракетата во Њу Орлеанс.

Поради ова одложување, вториот лет на ракетата може да се очекува дури по 2021 годија, изјави еден од претставниците на NASA, Вилијам Герстенмејер.

Лансирањето на SLS е дел од долгорочната програма на NASA којашто во крајна линија со споменатата ракета требаше на Марс да испрати летало со човечки екипаж. Планираниот буџет за оваа програма до 30 септември 2018 година изнесува 23 милијарди долари, објави Агенцијата.

„Ние всушност го затвораме системот. Тоа претставува многу,многу повеќе од само еден лет“, додаде Герстенмејер.

Првата верзија на ракетата би требало да има способност да ја подигне во Земјината орбита тежината на товарот од околу 77 тони, а во подоцнежните верзии се очекува дека SLS ќе може во орбитата да понесе и двојно повеќе товар.