Македонија

Американската амбасада донира опрема за МВР и Царинската управа

Американската амбасада донира опрема за МВР и Царинската управа

Донација на опрема од Американската амбасада во Македонија денеска ќе добијат Граничната полиција и Царинската управа. Опремата вредна 142.000 долари е обезбедена преку Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност.

Опремата содржи далекусежни двогледи, апарати за инспекција, пејџери за откривање на радијација, компјутери и опрема за симултан превод.

На предавањето на донацијата ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Оваа донација ќе помогне во зајакнувањето на способноста на македонската Гранична полиција и на Царинската управа за вршење на професионална гранична контрола и за изведување активности на граничните премини. Донацијата ќе ја подобри способноста на двете гранични агенции да вршат надзор на границите, патроли и операции на пресретнување, како и да се борат со прекуграничен криминал и тероризам, да откриваат радијација, да идентификуваат оружје за масовно уништување и сличен материјал и да вршат примарни и секундарни инспекции на граничните премини.