Американската Амбасада донираше опрема за Граничната полиција и Царинската управа

Двогледи со долг опсег, уреди за вршење преглед, пејџери за откривање радијација, компјутери и опрема за симултан превод, во вредност од 142 илјади американски долари е донацијата што денеска американскиот амбасадор Пол Волерс им ја предаде на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на Наташа Радеска-Крстевска, директор на Царинската управа, за потребите на Граничната полиција и на Царинската управа.

Оваа 11-та донација во опрема од страна на САД во последните три години, во рамки на Програмата за контрола на извозот и гранична безбеднсот (EXBS) се доделува за подобрување на спосбноста на македонската гранична полиција и Царинската управа за спроведување професионална гранична контрола долж границата и на граничните прмини.

Министерката Јанкулоска заблагодарувајќи се за значајната помош и поддршка од страна на владата на САД, изрази надеж дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина и ќе придонесе за натамошно приближување на Република Макеоднија кон евро-атлантските интеграции.

– Интензивните реформски зафати во македонската полиција во сите сегменти од нејзиното функционирање реализирани во текот на изминативе години, во голема мера се должат на партнерството и помошта што МВР на РМ ја има од нашите пријатели од САД, истакна меѓу другото министерката Јанкулоска.

Само во рамки на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност за потребите на царината и граничната полиција од 2000-тата година наваму, нагласи таа, преку амбасадата на САД во Република Македонија донирана е опрема во вредност од околу три милиони долари, од кои што 1,4 милион долари е опрема којашто најде свое место во секојдневното функционирање на полициските служби, во нивното поефикасно и поквалитетно работење.

Оваа последна донација вредна околу 65.000 долари, информира Јанкулоска, се состои од високософистицирана техничка опрема наменета за новоформираните единици за криминалистичко разузнавање и анализа на ризик, со цел истите да се опремат според современите технички стандарди во борбата против меѓународните закани и прекуграничниот криминал, согласно позитивната пракса на ЕУ  и насоките за анализа на ризик од Фронтеџ а согласно Заедничкиот интегриран модел за анализа на ризик на земјите на Европската унија (ЦИРАМ).

Безбедните граници, потенцира амбасадорот Волерс, многу придонесуваат кон внатрешната и регионалната безбедност, а денешната донација го отсликува силното партнерство помеѓу EXBS и Владата на Македонија.

Според него, донираната опрема ќе го зголеми капацитетот на двете гранични служби на многу начини и тоа: спроведување граничен надзор, патролирање и активности за попречување нелегални активности, борба против прекуграничниот криминал и тероризам, откривање радијација, идентиикација на оружје за мсовно уништување и спроведување примарен и секундарен преглед на граничните прмини.

– Програмата 10 години дава помош во Македонија и за овој период обезбеди помош на Македонија во вредност од 7 милиони американски долари во форма на донации на опрема и обуки. Исто така, EXBS спонзорирање преку 100 обуки за повеќе од 1.200 службеници од институциите на нашите партнери во министерствата за економија, финансии, надворешни работи и внатрешни работи, рече Волерс.

За денешната донација се заблагодари и директорката на Царинската управа Радеска-Крстевска, која меѓу другото посочи дека соработката со (EXBS) е започната во 2004 година, а во текот на целиот период се организирани голем број обуки, семинари и конференции.