Американската морнарица го потврди загинувањето на седумте морнари од разорувачот „Фитцџералд“ (ВИДЕО)

© AP Photo / Eugene Hoshiko

Амераканската воена морнарица го потврди во понеделникот загинувањето на сите седум морнар од нејзиниот разорувач „Фитцџерадл“ кои биле пронајдени мртви по сударот кој се случи во саботата со филипински контејнераки брод пред јапонскиот пацифички брег.

Сите седум членови на екипажот биле пронајдени во поплавените делови од бродот.

Командантот на американската седма флота, вицеадмиралот Џозеф П. Окоин, изајви дека голем дел од екипажот спиел кога се случил судирот. На десната страна од бродот долг 154 метри со носивост од 8.300 тони им влдабнатина и поправката најверојатно ќе трае со месеци.

Американскиот воен брод во саботата по сударот со трговскиот брод „ Кристал“, со должина од 222,6 метри и носивост од 29.000 тони, се врати во морнаричката бза Јокосука, јужно од Токио, а во тек се поеќе американски и јапонски истрага за тоа како се случил инцидентот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.