Американската полиција се извини за занемарување на 265-те жртви на спортскиот тренер

Големиот сексуален скандал кој ја тресе американската гимнастика можело да биде спречен, а полицијата се извини во четвртокот поради тоа што пред четиринаесет години не посветила внимание на жртва на лекарот Лари Насар кој тогаш успеал да ѝ побегне на полицијата и потоа сексуално да злоставува стотици девојки, вклучително и олимпијки.

Сега 54-годишниот поранешен лекар на екипата гимнастичарки од државниот универзитет Мичиген и поранешен главен лекар на американската гимнастичка асоцијација, Лери Насар, злоставувал најмалку 265 девојки во текот на изминатите дваесет години, главно гимнастичарки, не толку познати но и олимписки шампионки, како и своите соработнички.

Полицијата во Меридиен Тауншип, гратче во сојузната држава Мичиген, го објави во средата вечерта извештајот од истрагата од 2004 година, коа 17-годишната Брајана Рендал-Геј го тужела Лари Насар дека преправајќи се дека ја лекува сексуално ја злоставувал. Таквиот начин на делување, како што сега се покажува, сосема одговара на постапките на овој спортски лекар низ долги години.

Против Насер последните седмици се водени две судски постпаки и остатокот од животот ќе го мине зад решетки. Насар ланскиот ноември ја призна видната по седум обвиненија за сексуален напад од прв степен во округот Ингам, и за три обвиненија во округот Итон, каде што казната ќе му биде изречена оваа седмица. Покрај тоа, спортскиот лекар веќе отслужува казна од 60 години затвор во сојузен затвор, којашто му е изречена поради детска порнографија.

Меѓутоа, полицаецот кој тогаш земал исказ не ѝ верувал на Брајана Рендал-Геј. „Бевме измамени. Би сакале да добиеме втора шанса“, призна во четвртокот вечерта началникот на локалната полиција Дејв Хол, на прес-конференцијата на којашто младата жена учестуваше преку видео линк. Полицијата во неофицијален разговор веќе ѝ се извинила, но „тоа повторно сакавме да го сториме јавно“, додаде Хол.

„Кога ја поднесов тужбата (за сексуално злоставување) бев разочарана поради тоа што ниедна точка од обвинението не беше прифатена. Се чувствував напуштена“, се присетува Рендал-Геј четиринаесет години подоцна.

Во полицискиот извештај се наведува дека девојката рекла оти лекарот и ги бакнувал градите и се обидел да пенетрира со прстите, откако претходно му се пожалила на болки во грбот. Полицијата тогаш го испрашала Насар, но набрзо го затворила предметот, бидејќи тој ги убедил иследниците дека жртвата е психички нестаблна и дека неговите постапки всушност биле нови методи за лекување.

„Злоставувањето од Лари Насар предолго траеше, бидејќи никој не нé слушаше“, заклучи на крајот од обраќањето Рендал-Гер.