Американски беспилотен авион се урна во Турција

Беспилотен авион на САД синоќа се урна во близина на турскиот град Адана.

Авионот се урнал во празен простор во реонот на градот Јурегир, веројатно како резултат на техничка грешка.

Дронот полетал од базата Инџирлик, која Турција ја обезбеди за потребите на воздушната кампања против џихадистите во Сирија и Ирак.

На местото на несреќата пристигнала воена екипа од базата Инџирлик, како и полиција.

„НТВ“ потсетува на сличниот инцидент со американски беспилотен авион, кој поради дефект во моторот се урна во округот Хатај на 20 октомври.