Американски дипломат на средба со преставници на Македонска алијанса за европска интеграција

 

Во Корча, Албанија, Едмонд Темелко, претседател и Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција остварија средба со американскиот дипломат Натан Хафт, задолжен за политички прашања при американската амбасада во Тирана.

Средбата се оствари по барање на американскиот дипломат кој се интересираше за положбата и правата на Македонската заедница во Албанија пренесува весникот „Македониум“.

Преставниците на Македонска алијанса за европска интеграција го запознаа американскиот дипломат со проблемите со кои се соочува македонската заедница во Албанија, и неостварувањето ни најминималните нивни легитимни права како што се  образованието на македонски јазик, непризнавањето статус на малцинство на целата територија на Албанија, дискриминирачката териториална реформа со која се укинаа општините населени со македонско население во регионите на Гора и Голо Брдо, како и од потребата од носење на закон за малцинствата со кои би се регулирало признавањето на македонската и другите заедници на целата територија на Албанија и ред други проблеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.