ТОП,Македонија

Американски експерт: СДСМ се подготвува за бојкот на изборите подготвувајќи мрачно сценарио

Американски експерт: СДСМ се подготвува за бојкот на изборите подготвувајќи мрачно сценарио

Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на преимерот во обид да го уценува – тактика која бил била незамислива во било која западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес.

Ова во колумна објавена во Хил, информативно списание наменето за политичкиот врв во САД, го нагласува Џефри Гордон, поранешен портпарол на Пентагон и поранешен советник за национална безбедност на повеќе републикански претседателски кандидати.

Во колумната насловена „Западните сили мора да го вклучат Балканот“, Гордон упати повик за деблокирање на интеграциите на Македонија во НАТО и во Европската Унија.

Гордон воедно апелира на Македонија да и се упати помош во справувањето и запирањето на бегалската криза и да спречат обидите на опозицијата за продолжување на политичката криза преку избегнување на изборниот процес.

Во текот на изминатата година, повеќе од 700.000 азиланти поминаа низ Македонија, што е неверојатно имајќи предвид дека земјата има два милиони жители. А сепак, Македонија беше оставена сама да се справува со хуманитарната криза. Што е уште полошо, со доаѓањето на пролетта и топлото време, се очекува бранот од Блискиот Исток повторно да се прелее. Македонија досега избегна посериозни проблеми со бегалците, за што заслужува признание. Но, што ќе се случи доколку побогатите земји како Германија, Шведска и Франција ги затворат своите граници, процес кој веќе отпочнува? Македонија ќе биде преплавена со неограничен број на муслимански азиланти. Иако Скопје не е богато и гламурозно како Берлин, Стокхолм или Париз, сигрно не е Дамаск, Багдад и Кабул. Таквиот развој на настаните би можел да ја предизвика следната Балканска војна, пишува Гордон во колумната, потсетувајќи дека Македонија веќе претрпе граѓанска војна во 2001 година.

Според поранешниот…