Американски експерт: СДСМ се подготвува за бојкот на изборите подготвувајќи мрачно сценарио

Според поранешниот портпарол на Пентагон, потребна е европска помош за да се запре приливот на бегалци и да се затвори границата на Македонија кон Грција со поставување на ограда налик на таа на јужната граница на Унгарија, затоа што се покажало дека Грција не е во состојба да ги обезбеди своите граници. Гордон предлага формирање на безбедносен Балкански Центар во Македонија, со распоредување на значителна мисија на НАТО која ќе помогне во борбата против шверцот со луѓе, оружје и дрога. Но, според него, неопходно е и да се изврши притисок врз Грција за да престанат блокадите на приемот на Македонија во НАТО и во Европската Унија.

Гордон: Потребна е европска помош за да се запре приливот на бегалци
Гордон: Потребна е европска помош за да се запре приливот на бегалци

Воедно, Гордон апелира да се спречат обидите на СДСМ за одбегнување на априлските избори, за да не се предизвикаат дополнителни политички тензии.

 Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на преимерот во обид да го уценува – тактика која бил била незамислива во било која западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес. Притоа, лесно може да се забележат обидите на Москва да се вмеша во кризата – Кремљ работи против европските интеграции. Иако Европската Унија ја напушти Македонија во текот на бегалската криза, ЕУ барем презема одговорност за менаџирање на изборната криза и ги притисна сите четири македонски политички партии да ги почитуваат демократските процеси и да учествуваат на изборите во април, како што беше договорено во текот на летото. При својата оставка, Груевски повика „да не дозволиме политичките пресметки да го кочат напредокот на Македонија“. Да се надеваме дека така и ќе биде. Грешките на Балканот се многу скапи”, пишува Гордон во колумната објавена во Хил.