Американски Експерт: Заев да се придржува до изборите кои ги прифати, целиот свет гледа што се случува

Линзи Марк Луис, извршен директор на реномираниот американски  Институт за прогресивна политика (PPI), а претходно и директор во Демократската партија во САД, во колумна за мериканскиот The Hill упати јасна порака:  Заев да се придржува до изборите кои ги прифати, целиот свет гледа што се случува.

Марк Луис  во својата колумна се осврнува на актуелната политичката ситуација во Македонија каде јасно укажува дека време е Заев да го следи патот кон изборите, за кој тој претходно се согласи и дека целиот свет гледа.

Опозицијата треба да ги слушне повиците кои ги испраќа целиот свет и да учествува на изборите на 24 април пишува Луис.

Тој додава дека неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја како и дека голем број на меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат предвидените избори кои треба да се случат во Април.

Во својата колумна насловена „Зошто треба да се грижиме за претстојните избори во Македонија“, Марк Луис пишува дека минатата година во Македонија случи политичка криза. Тој посочува дека како резултат на обвинувањата за прислушувани телефонски разговори од страна на Владата, преку насилни демонстрации кои се случија во главниот град на Република Македонија, се бараше оставка на премиерот Никола Груевски.

По недели на хаос и политичка нестабилност, европскиот комесар Јоханес Хан беше испратен од страна на Европската Унија со цел да се дојде до договор и да се стави крај на спорот помеѓу власта и опозициската партија која даваше „гориво“ на немирите кои се случуваа. Како резултат на разговорите, сите лидери на политичките партии го потпишаа договорот од „Пржино“ кој предвиде оставка на премиерот во 2016 година, на 100 дена откако би се одржале слободни и фер избори. Многумина го ословија договорот како победа и го поздравија крајот на неделите со конфликти. Сепак, внимателно составениот договор сега е под закана. Главната партија во опозицијата, предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се заканува со повлекување од изборите, обвинувајќи дека значајни делови од договорот од „Пржино“ не се реализирани. Ова не е само лошо за македонските граѓани кои заслужуваат да гласаат на фер и слободни избори, туку е многу лошо и за европскиот регион, кој се уште се справува со грчката економска криза, како и со тековниот пораст на бегалци од Сирија, пишува тој.

Според него за Македонија…