Американски Експерт: Заев да се придржува до изборите кои ги прифати, целиот свет гледа што се случува

Според него за Македонија овие проблеми се особено зголемени. Потенцира дека како мала континентална нација, која е примерна транзитна зона на беглаците од воените подрачја, како на пример Сирија, Македонија е присилена на несекојдневни мерки за да може да одговори и да се заштити, со оглед на безбедносните и хуманитарните прашања како резултат на кризата и со оглед на тоа што бегалската криза не се намалува.

Од друга страна со политичка нестабилност во регионот, огромниот напредок кој земјата го постигна во обезбедувањето на безбеден транзит на илјадници бегалци, сега е во опасност и претставува закана за Европската Унија како и за државите кои не се дел од Унијата, а кои зависат од македонското водство по однос на ова прашање, вели тој.

Неподготвеноста на Заев да се придржува до договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја

Понатаму, во колумната Марк Луис вели дека покрај бегалската криза, неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја и потсетува дека пред само неколку декади, масовните етнички убиства и насилните политички конфликти доминираа во јужен Балкан, заканувајќи се да ја загрозат стабилноста на цела Европа.

j-d-gordon

Можеби токму затоа голем број на меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат предвидените избори кои треба да се случат во Април. Меѓународните лидери како потпретседателот на САД Џо Бајден, Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и директорот на ОДИХР, Мајкал Георг Линк ги повикаа политичките лидери да се држат на договор од Пржино, а амбасадорот на САД, Џес Бејли објави соопштение во кои ги повикува сите лидери и организатори да учествуваат на изборите, потсетувајќи дека учествувањето на избори  најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. Влијанието на политичката ситуација оди до таму што не е ограничена само на оваа мала земја. Кризата може да се протегне надвор од границите низ Европа и кон другите демократски нации. Опозициската партија во Македонија, треба да ги слушне повиците кои ги испраќа целиот свет и да учествува на изборите кои треба да се држат на 24 април. Значајно е за иднината на економија, за иднината на бегалците, а многу поважно значајно е за иднината на демократијата на Западот. Време е Заев да го следи патот кон изборите, за кој тој претходно се согласи. Целиот свет гледа, вели тој.

Американски експерт: СДСМ се подготвува за бојкот на изборите подготвувајќи мрачно сценарио

Инаку пред неколку дена во колумна објавена во Хил, информативно списание наменето за политичкиот врв во САД, Џефри Гордон, поранешен портпарол на Пентагон и поранешен советник за национална безбедност на повеќе републикански претседателски кандидати нагласи дека Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио.

Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на преимерот во обид да го уценува – тактика која бил била незамислива во било која западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес, напиша Гордон.

Во колумната насловена „Западните сили мора да го вклучат Балканот“, Гордон упати повик за деблокирање на интеграциите на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Гордон воедно апелира на Македонија да и се упати помош во справувањето и запирањето на бегалската криза и да спречат обидите на опозицијата за продолжување на политичката криза преку избегнување на изборниот процес.