Американски експерти со остри критики за однесувањето на Заев и СДСМ

Американските експерти со остра критика за деструктивното однесување на СДСМ и Зоран Заев изминатава недела.

Меѓу експертите кои остро го осудија однесувањето на опозицискиот лидер и СДСМ се вброија и поранешниот портпарол на Пентагон и поранешен советник за национална безбедност на повеќе републикански претседателски кандидати Џефри Гордон, Линзи Марк Луис кој е извршен директор на реномираниот американски Институт за прогресивна политика (PPI) и Џејсон Катз автор и колумнист во Дејли Колер, еден од водечките интернет весници во Вашингтон.

Гордон: Уценувачката тактика на Заев незамислива во било која западно-европска земја

Американскиот експерт Гордон во својата колумна за реномираниот The Hill вели дека Заев спроведува уценувачка тактика незамислива во било која западно-европска држава.  Воедно, Гордон апелира да се спречат обидите на СДСМ за одбегнување на априлските избори, за да не се предизвикаат дополнителни политички тензии.

-Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на премиерот во обид да го уценува – тактика која бил била незамислива во било која западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес. Притоа, лесно може да се забележат обидите на Москва да се вмеша во кризата – Кремљ работи против европските интеграции. Иако Европската Унија ја напушти Македонија во текот на бегалската криза, ЕУ барем презема одговорност за менаџирање на изборната криза и ги притисна сите четири македонски политички партии да ги почитуваат демократските процеси и да учествуваат на изборите во април, како што беше договорено во текот на летото. При својата оставка, Груевски повика ‘да не дозволиме политичките пресметки да го кочат напредокот на Македонија’. Да се надеваме дека така и ќе биде. Грешките на Балканот се многу скапи, пишува Гордон во колумната објавена во Хил.

dzefri-gordon

Луис: Заев да го следи патот на изборите, светот гледа што се случува

Извршниот директор на реномираниот американски  Институт за прогресивна политика (PPI), а претходно и директор во Демократската партија во САД, Марк Луис во колумна за The Hill  се осврнува на актуелно политичката ситуација во Македонија каде јасно укажува дека време е Заев да го следи патот кон изборите, за кој тој претходно се согласил и дека целиот свет гледа, а опозицијата треба да ги слушне повиците кои ги испраќа целиот свет и да учествува на изборите на 24 април.

Тој додава дека неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја како и дека голем број на меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат предвидените избори кои треба да се случат во април.

lindzi-mark-luis

-Покрај бегалската криза, неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја. Пред само неколку декади, масовните етнички убиства и насилните политички конфликти доминираа во јужен Балкан, заканувајќи се да ја загрозат стабилноста на цела Европа. Можеби токму затоа голем број на меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат предвидените избори кои треба да се случат во април. Меѓународните лидери како потпретседателот на САД Џо Бајден, Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и директорот на ОДИХР, Мајкал Георг Линк ги повикаа политичките лидери да се држат на договор од Пржино, а амбасадорот на САД Џес Бејли објави соопштение во кои ги повикува сите лидери и организатори да учествуваат на изборите, потсетувајќи дека учествувањето на избори најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. Опозициската партија во Македонија, треба да ги слушне повиците кои ги испраќа целиот свет и да учествува на изборите кои треба да се држат на 24 април. Значајно е за иднината на економија, за иднината на бегалците, а многу поважно значајно е за иднината на демократијата на Западот. Време е Заев да го следи патот кон изборите, за кој тој претходно се согласи. Целиот свет гледа, пишува Марк Луис.

Дејли Колер пак, еден од водечките интернет весници во Вашингтон, објави колумна од Катз, кој наведува дека во рамките на политичкиот договор поддржан од Европската Унија, се подготвуваат избори, на кои се очекува Груевски да биде реизбран за претседател на Владата, по предвиденото повлекување на три месеци пред изборите кое е со цел да се обезбеди коректноста на процесот, но и да се спречи опозицијата да го наруши изборниот процес.

katz-jason2

– Причината за овие избори е опозицискиот лидер Зоран Заев, кој се сомничи за поврзаност со ланскиот обид за државен удар поддржан од странство, и кој е осомничен и под активна истрага за илегално прислушување, уцена на владини функционери, вклучително и Груевски, како и за долга низа други кривични дела. Заев, по се изгледа во обид да ги држи во заложништво изборите поддржани од Европската Унија, повторно се заканува со нивен бојкот. Независно од се, Груевски повторно ќе се кандидира за премиер и се очекува да победи, имајќи ја предвид неговата исклучителна популарност и оценките за првокласно водење со државата. Груевски би требало да се врати назад на возачкото седиште за помалку од 100 дена, пишува Катз.

За само неколку дена ова се три остри критики на сметка на Заев и СДСМ. Ваквите изјави од американските екперти се жесток шамар за деструктивните политики кои ги водат Заев и неговата партија.