Американски експерти: Сценариото за граѓанска војна не успеа во 2001 година, нема да успее ни сега

Навидум малата земја покажа храброст на голема суперсила, изјави американскиот експерт за Балканот Умберто Паскали во емисијата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“, на телевизијата Сонце, пренесува порталот Е-вести.

Ситуацијата се менува на меѓународно ниво, како во ЕУ, така и САД, при што и експертите се согласија дека Македонија зазема цврста меѓународна позиција на Балканот и во Европа, особено преку главната улога во Балканското гасовод. Затоа Европската унија испраќа свои емисари во разрешница на случајот „Пуч“ и обидот на дестабилизација од страна на СДСМ, заклучија американските експерти.

Според нив, поразот на Заев, „на целата петта колона во Македонија, на сценариото за граѓанска војна, на државата ќе ѝ даде авторитет да се насочи кон креирање заемно корисна соработка меѓу балканските држави и тоа ќе даде силен пример за остатокот од Европа што веќе полека добива маргинална економска и стратешка независност.

Умберто Паскали беше еден од тројцата најпознати американски експерти кои учествуваа на овој значаен форум за и околу ситуацијата во Македонија, однсоно аферата „Пуч“, кои оценија дека аферата во реализација на лидерот на опозициската СДСМ, има јасна цел како да се сруши премиерот Никола Груевски и неговата влада. Притоа, Паскали додаде дека затоа „уцените на Зоран Заев не успеаја, без оглед на моќта на неговите ‘господари на куклите’. Тие очајно се обидуваат да создадат сценарио за граѓанска војна и да се вратат на тероризмот на УЧК од 2001 година“.

Поранешниот службеник во Стејт департментот на САД, Џ. Мајкл Спрингмен, поранешниот разузнавачки аналитичар на NSA, Вејн Медсен и еден од најпознатите стратешки експерти за Македонија и Балканот, Умберто Паскали, спроведоа експлозивна телевизиска дебата исполнета со откритија, детални анализи и предвидување на она што ја очекува земјата, како и добро основани совети за тоа како Македонија да го надмине обидот за „Пуч“. Спрингмен, Медсен и Паскали се осврнаа на она што се наоѓа зад, според нивните оцени, „скриените странски разузнавачки и дипломатски маневри со цел да прикажат дека Македонија, благодарение на отпорот од страна на народот, како и владата на Груевски е подготвена да ѝ се спротивстави на дестибилизацијата и дека е на пат да ја победи оваа важна битка“.

Од своја страна, вториот американски експерт кој беше, исто така учесник на овој форум, Вејн Медсен истакна дека „Сценариото за граѓанска војна не успеа во 2001 година. и нема да успее ни сега“.

Тројцата најпознати американски експерти објаснуваат дека е демаскирана улогата на сателитската телевизија Al Jazeera кои во неодамнешниот „мафијашки документарец го прикажаа Исмаил Елези, водачот на ветераните на УЧК како најавува терористички напади“. Тие забележаа и на учеството во истиот „одвратен документарец, на потпретседателката на на СДСМ, Радмила Шекеринска, како и челничката на Транспаренси интернешнел, Слаѓана Тасева, кои повикаа на нелегално симнување на избрана влада“. Разузнавачкиот специјалист Медсен, објасни дека Al Jazeera е поврзана со британските разузнавачки служби и „специјализирана е за организирање револуциски државни удари во многу држави во согласност со стратегијата од Вашингтон и Лондон“.

„Потребно е овој одвратен документарец да се анализира од правен аспект, верувам дека емитувањето на терористички закани претставува кривично дело“, истакна Паскали. „Не станува збор за про-муслимански медиум. Ова е организација којашто се користи за радикализација и експлозија на муслиманските држави“, додаде американскиот аналитичар.

Спрингмен, пак, ги потсети гледачите како целиот арапски оддел на BBC оддеднаш замина и го креираше Al Jazeera. Експертите наведуваат дека, по неуспехот на откривањето на снимките кои и нарекоа „кинеска тортура“ од страна на Заев, „од неговите странски разузнавачки контролори“, сега се прави обид да се предизвика албански бунт, земајќи ги предвид неодамнешните изјави на .поранешниот министер за надворешни рбаоти Фрчкоски или повиците што доаѓаат од ткн радикални албански лидери, како што е градоначалникот на Струга, Зијадин Села. „Тие се обидуваат да изиграат сценарио налик на Исламска држава. „Меѓутоа, никој не би сакал да живее во место како Косово, протекторат на НАТО заснован на организиран криминал и мизерни услови за живот, додека, пак, Македонија, од друга страна, е една од ретките држави што сами ја развиваат сопствената економија и создаваат иднина на просперитет во гасоводот Балкански тек”.

Спрингмен, кој штотуку ја објави својата книга „Визи за Ал Каеда“ (Visas for Al Qaeda”), зборуваше за своето искуство работејќи како службеник во одделот за визи во конзулатот на САД во Џеда, Саудиска Арабија. Рече дека дал отказ откако неговите надредени го притискале да издава визи на лица, кои, како што тој подоцна открил, биле терористи од Ал Каеда. Тој ги предупреди македонците во врска со триковите организирани од страна на разузнавачките служби на САД со кои тие на големо се борат против тероризмот, но, сепак, следат сопствена агенда за дестабилизација на државите.

Медсен даде извонреден опис за тоа како овие разузнавачки служби навистина работат и ја пофали Македонија за одбраната на сосптвениот суверенитет. Паскали се осврна на ситуацијата од 2001 година и на известувањето на Брукингскиот институт (Brookings Institution) во Вашингтон, каде идниот НАТО амбасадор на САД, Иво Дадлер демантираше дека Македонија ѝ се предала на УЧК додека „европската заедница“ вршеше медијација. „Македонија не се предаде на тероризмот и поделбата тогаш, и нема да се предаде ни сега“, рече Паскали.

Тројцата експерти детално го објаснија начинот на работа на Џорџ Сорос, за кого бе согласни дека е „алатка на англоамериканската надворешна политика”. „Дали сакате слика од душата на Џорџ Сорос?“, праша Паскали, потсетувајќи на интервју во кое Сорос призна дека учествувал во нацистичкото конфискување на еврејските поседи во Унгарија. „Дали се чувствувам виновен? Не. Се чувствував возбудено, и ако тоа не го направев јас, ќе го направеше некој друг. Тоа е исто како и со финансиските пазари“, го цитираше Паскали делот од интервјуто на Сорос.