Американски функционери тврдат дека Русите се обиделe да влезат во изборните системи на 21 сојузна држава

FREUTERS/Hyungwon Kang/File Photo

Претставничката на американското министерство на татковинска (внатрешна) безбедност изјави во средата дека Русите во седмиците пред претседателските избори во САД ланскиот ноември, наводно се обиделе кибернетички да ги нападнат изборните системи во 21 од 50-те сојузни држави.

„Утврдивме дек кибернетичките напаѓачи на руската влада потенцијално ги нападнале интернет мрежите поврзани со изборите во 21 сојузна држава“, истакна Џенет Мафра пред Конгресот , потсекретарка на одделот за кибернетичка безбедност и комуникации.

Обидите за напади се случиле по наводното руско хакирање на електронската пошта на Демократската партија, а американските разузнавачки агенции тврдат дека тоа бил дел од поширокиот обид за влијание врз американските избори. Москва повеќепати ги отфрли ваквите обвинувања нарекувајќи ги „рософобна хистерија“ која не е поткрепена со никакви докази, и оти е резултат на внатрешните превирања на политичката сцена во САД.

Наводното руско мешање во изборите во САД е тема на актуелната истрага чиј фокус се префрли на можната врска меѓу кампањата на претседателот Доналд Трамп и руски функционери.

Се чини дека хакерите барале недостатоци во системот, слично како што крадец минува по улица за да види кој не е дома, пишува германската новинска агенција DPA.

„Помал број системи успешно се експлоатирани, слично како некој да ја скршил бравата но не успеал да влезе“, тврди Манфра.

„Помал број мрежи е пробиен. Минале низ вратата“, заклучува потсекретарката, одбивајќи да открива поединости за тоа за кои сојузни држави станува збор.

Нападите не влијаеле на ниеден систем за броење на гласовите, додава Манфра, што е идентична изјава на сите досегашни изјави на претставници на американското разузнавање коишто и покрај тоа што тврдат дека Москва се вмешала во изборите истакнуваат дека немало влијаени врз освоените гласови.